
Германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас во понеделник со колегите од земјите во кои најмногу патуваат германските туристи, меѓу кои не е Македонија, ќе разговара за можностите за усогласување на правилата за карантинот и влегувањата во земјите.
На видео-конференцијата ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Австрија, Бугарија, Португалија, Словенија, Малта, Кипар, Хрватска и Шпанија, пренесува германската новинска агенција DPA повикувајќи се на извори во монистерството за надворешни работи.
Целта на состанок е усогласување на правилата и мерките при влез во овие земји од почетокот на годишната летна сезона кон средината на јуни. До тогаш важат предупредувањата на министерството за внатршни работи за германските граѓани да не патуваат во странство.
Услов за олеснување на патувањата е задржувањето на заразата со коронавирусот на сегашното ниво кое се оценува за ниско.
Во разговорот за јавниот сервис Deutschlandfunk, Маас вели дека верува оти патувањата на поодалечените дестинации, како на пример Јужна Америка, уште подолго време нема да бидат можни.
„Во моментов не може да се препорача патување или одмор во некоја од овие земји поради тамошните строги правила за карантинот“, рече Маас.
Истакна дека по секоја цена се сака да се избегнат нови воздушни мостови со кои Германија по избувнувањето на пандемијата врати во земјата повеќе од 250.000 свои граѓами од сите делови на светот.