![mladina AfD](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/mladina-AfD.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Пратеници од радикалните левичарската партија Зелените, либералите и опозициските демохристијани предупредија во вторникот на опаснот од наводно опасност од руска шпионажа преку пратениците од десната суверенистичка и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).
Овие фрлања сомнежи доаѓаат како продолжение на кампањата што се води во Германија од страна на етаблираните партии и мејнстрим медиумите, откако од минатата година AfD континуирано го зголемува својот рејтинг и за кусо време стана втората партија според доверба меѓу германските гласачи, со процент речиси колку што вкупно имаат трите партии од владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц.
„За AfD вистинска алтернатива за Германија е всушност автократската Русија“, изјави секако без да даде никаков доказ политичарот од партијата Зелени, Константин фон Нотц кој истовремено е и петседател на Парламентарната контролна комисија.
Во обидот да се самибјасни рече дека пратениците на AfD покажувале „не само идеолошка, туку и конкретна блискост“ со диктатурите и режимите како кинескиот, рускиот, сирискиот или оној во Северна Кореја.
Фон Нотц „изрази загриженост“ дека пратениците од оваа партија преку работата на бројните комисии и тела и без претходна безбедносна проверка, која се практикува за државните службеници во чувствителни области, имаат пристап до доверливи информации. Сепак, политичарот на Зелените, не пружи доказ кои од политичарите од другите партии ја минале таа безбедносна проверка.
„Тоа не ја погаѓа само одбранбената комисија, туку и другите работни тела на Бундестагот, исто така и во светлото на можна шпоинажа“, шпекулираше фон Нолтц чија партија според последните анкетите од крајот на минатата година има речиси за повеќе од трипати помал рејтинг од AfD.
Портпаролот на најголемата опизициска партија Христијанско-демократската унија (CDU) за одбранбено-политички прашања Родрих Кизеветер вели дека АfD е „продолжена рака на Русија во Германија“.
„Не можеме да исклучиме дека пратеници од AfD или нивни вработени кои имаат пристап до доверливи информации тие информации не ги пренесуваат натаму“, шпекулираше Кизеветер чијашто партија силно го чувствува одливот на поддршката на конзервативно-десното гласачко тело токму во полза на AfD.
Оваа расправа во германскиот парламент е најновиот бран напори дури да се забрани функционирањето или учеството на следните парламентарни избори на AfD и следува по одлуката на Уставниот суд дека политичката формација ЈА, односно младината на AfD „дејствува докажано противуставно“ што му дава право на Бирото за заштита на уставниот поредок (BfV) да смее да ги следи и прислушува нејзините припадници. Претседателот на младината на AfD, Ханс Гнаук, инаку, е член на Комисијата за одбрана во германскиот парламент.
На почетокот од февруари пратеник на AfD отпушти еден од своите помошници поради неговите наводни проруски активности.
Меѓутоа, фон Нотц, повторно без никакви аргументи, рече дека агент на германската разузнавачка агенција BND, кој е обвинет за шпионажа во полза на Русија, наводно одржувал тесни врски со AfD.