Германија продолжува со проектот Северен тек 2 како економски

Германија и натаму го третира гасоводот Северен тек 2 кој го гради со Русија како стопански проект, и не ги поддржува едностраните економски санкции на САД против него, изјави портпаролката на владата во Берлин, Улрике Демер на брифингот со новинарите, пренесува специјализираниот портал Energy Market Prices.

„Ставот на германската влада во врска со Северен тек 2 не се промени. Тоа е економски проект кој има политички апсект“, изјавила Демер додавајќи дека за Берлин е важно тоа што Украина ќе ја задржи функцијата на транзитна земја за рускиот гас наменет за потрошувачите во Европа и по завршувањето на проектот Северен тек 2.

Против овој проект, со кој се удвојуваат испораките на руски гас во Германија и на европскиот пазар, во прв ред се изјасни Украина којашто стравува дека ќе загуби досегашните приходи од транзитот на рускиот енергенс преку нејзината територија. Се противат, исто така, и земјите од Балтикот, како Полска, Латвија и Литванија, кои сметаат дека ќе треба да плаќаат поскап природен гас, како и САД. Вашингтон повторено предупредува или се заканува, посебно на Берлин за тоа дека со развојот на проектот „Северен тек 2“ наводно ќе ја зголеми енергетската и безбедносна зависност од Москва, на што германската страна повеќепати одговори дека САД сакаат да ги промовираат извозот на својот течен гас (LNG) во ЕУ, за што е потребно градење скапа инфраструктура.

Германија „секогаш јасно даваше на знаење дека не се согласува со едностраните екстериторијални санкции“, истакна Демер.

Американските власти веќе имаа претходните месеци разговори со германски и европски компании кои се вклучени во градењето на гасоводот Северен тек 2, објави во саботата германскиот неделник Die Welt, повикувајќи се на сопствени извори.

„Берлин е свесен за таквите контакти“, рекла Демер и додала дека и „сојузната влада, исто така, одржува контакти на таа тема“.

Проектот Северен тек 2 предвидува две паралелни цевководи за природен гас со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно од Русија во Германија преку Блатичкото Море.

До денеска се завршини над 93 отсто од трасата. Работите стагнираат од крајот на 2019 година, кога швајцарската компанија „Allseas“, чиешто специјално пловило за полагање цевки на морското дно беше повлечено поради американските санкции. Но кон крајот на мај руското специјалното пловило за поставување цевки по морското дно „Академик Черски“ пристигна во германското пристаниште Мукран, кое е логистичка база за Северен тек 2, по речиси три месеца пловејќи по подалечната рута низ Африка постојано менувајќи ја дестинацијата.