Во Европска Унија во 2022 година се произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за пет отсто повеќе од претходната година. Најголем производител беше Германија, а најголем извозник на сладолед од ЕУ беше Франција, објави Евростат.
Германија произведе 620 милиони литри сладолед, Франција 591 милион литри и Италија 571 милион.
Покрај тоа што Германија беше најголем производител, нејзиниот сладолед беше и најевтин со просечни 1,5 евра за литар. Просечната цена на францускиот сладолед била 1,9 евра, а италијанскиот 2,3 евра за литар.
Со 7,0 евра најскап сладолед од Австрија бил во просек, а потоа следат Данска (4,4 евра за литар) и Финска (2,8 евра).
Земјите од ЕУ лани извезле 250 милиони килограми сладолед во трети земји, со вкупна вредност од 930 милиони евра. Истовремено, увозот од земји кои не се членки на ЕУ достигна 61 милион литри и чинеше 203 милиони евра.
Во ЕУ во однос на 2021 година е намален и увозот, за 14 отсто, но и извозот на сладолед, за два проценти.
Од вкупниот извоз, Франција учествува со 21 отсто или 53 милиони литри, што ја прави најголем извозник. Следат Холандија (17 отсто од вкупниот извоз), Италија (13), Германија (11) и Белгија со девет проценти учество во вкупниот европски извоз на сладолед.