![tornado bundesver](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/tornado-bundesver.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Германија поради новонастанатата безбедносна ситуација во Европа по руската офанзива во Украина размислува за набавување противракетен систем за што веќе се водат разговори со Израел, пренесуваат германските медиуми во неделата.
„Нуе мораме подобро да се заштитиме од заканата од Русија. Поради тоа итно ни е потребен противракетен систем за подрачјето на целата земја“, изјави социјалдемократскиот политичар Андреас Шварц во разговор за неделното издание на дневниот весник Bild.
Шварц, кој е во буџетската комисија на германскиот Бундестагот задолжена за одбранбени прашања, вели дека предвид доаѓа израелскиот противракетен систем „Arrow 3“.
„Ние мислеме дека системот Arrow 3 би било добро решение за Германија“, вели Шварц.
Според информациите на Германсата новинска агенција DPA, политичарите во Бундестагот задолжени за одбранбени прашања веќе во неделата би требало да се отпатува во Израел каде што би требало да водат разговори за евентуална набавка на споменатиот антиракетен систем.
Системот „Arrow 3“ служи за одбрана од ракети со долг дострел. За одбрана од проектили со кус дострел, Германија веќе го поседува противракетниот американски систем од типот „Patriot“.
Веднаш по почетокот на руската офанзива во Украина, германската влада најави јакнење на германските вооружени сили, чијашто состојба се оценува како недоволна и застарена, како и чувствително зголемување на воениот буџет, што досега Берлин одбиваше да го спроведе. За итната модернизација на Бундесверот е предвиден вонреден фонд во износ од 100 милијарди евра.