Германија: Русија планирала атентат врз директор на воен концерн?

Armin Papperger, Vorstand Rheinmetall, steht vor einem Pionierpanzer Kodiak (l) und einem Kampfpanzer Panther KF51 des Rüstungskonzerns Rheinmetall bei einer Führung durch das Rheinmetall-Werk Unterlüß anlässlich der Sommerreise des niedersächsischen Wirtschaftsministers. +++ dpa-Bildfunk +++

Германското Министерство за внатрешни работи во петокот не ги коментираше медиумските извештаи за наводен атентат врз директорот на воениот концерн „Rheinmetall“, зад што наводно стоела Русија, но укажа на влошувањето на безбедносната ситуација, наведувајќи дека „многу сериозно ги сфаќа безбедносните закани“.

„Не коментираме поединечни случаи на безбедносни закани, но едно е сигурно: ги сфаќаме овие закани предизвикани од руската агресија многу сериозно“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер од владејачката Социјалдемократската партија на Германија (SPD).

Американскaта телевизија CNN и германскиот дневен весник Sueddeutsche Zeitung претходно објавија дека американските тајни служби ги информирале своите колеги во Германија дека Кремљ наводно подготвува атентат врз директорот на германскиот воен концерн „Rhenmetall“, Армин Папергер. Потоа за 61-годишниот бизнисмен се зголемени безбедносните мерки.

Папегер уште во мај рече дека „има луѓе на кои не им се допаѓа тоа што го работи“ и дека германската влада е загрижена за неговата безбедност „за што тој е благодарен“.

Неименуван претставник на германската влада ги потврдил за Reuters предупредувањата од САД до медиумите.

Концернот „Rhenmetall“ произведува тенкови и артилериска муниција што ѝ се доставува во Украина и во моментов гради фабрика за поправка на тенкови во Украина. Меѓутоа, канцеларот Олаф Шолц уште во март го отфрли испорачувањето на крстосувачките ракети со долг дострел „Taurus“ на што инсистираат Киев и неговите западни сојзуници но и пратници од германските социјалдеморкати, за што протекоа информации во медиумите.

Либерално-демократска партија (FDP), како дел од владејачката коалиција, побара вонредна седница на германскиот Совет за безбедност. „Ако медиумските извештаи се покажат како вистинити, германската влада мора да повлече јасни консеквенци“, рече портпаролот на пратеничката група на FDP, Рајнхард Хоубен.

Русија ги демантираше вестите за вмешаност на Кремљ во планираниот атентат на германски индустријалец.

„Ваквите вести не можат да се сфатат сериозно. Тоа се лажни вести“, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Германското Министерство за внатрешни работи укажа на апсењето на двајца осомничени во април, кои наводно планирале да ги саботираат германските воени објекти поврзани со помошта за Украина.

„Ќе направиме сѐ за да ги спречиме руските обиди за саботажи во Германија“, рече Фезер.