Германија се подготвува за сообраќаен хаос поради очекуваните обилни снежни врнежи

Германија денеска се подготвува за обилни снежни врнежи и голомразица, што се очекува да предизвика проблеми во сообраќајот, јави ДПА.

Според прогнозите на германската метеоролошка служба, состојбата ќе биде особено тешка во централните и јужните делови на земјата.

Аеродромот во Франкфурт очекува денеска да бидат откажани голем број летови. Аеродромот Сарбрикен дури вчера соопшти дека ќе ги откаже сите летови закажани за денеска.

Во некои области на Баварија, наставата е откажана поради временските услови.