Германија се подготвува за терористи, хулигани и криминалци во пресрет на ЕУРО

Германската полиција се подготвува за терористи, насилни хулигани, криминалци и депортирани мигранти кои ќе се обидат да влезат во земјата во текот на претстојното европско фудбалско првенство..

За време на континенталниот турнир, кој ќе се одржува од 14 јуни до 14 јули во десет германски градови, се очекуваат околу 2,7 милиони навивачи на стадионите и до 12 милиони во градовите домаќини.

Германската полиција подготвува план од пет точки за да биде подготвена да се справи со сите безбедносни закани, јавуваат германските медиуми. Според Bild, цел на полицијата се неколку групи криминалци – терористи, насилни хулигани, патувачки криминалци, крадци и тешки криминалци.

Околу 22.000 федерални полицајци, наводно, ќе бидат распоредени на границите, стадионите, местата за јавен преглед, аеродромите, железничките станици и чувствителните области на критичната инфраструктура секој ден.

Германски Bild пренесува дека полицијата е особено загрижена поради заканата од хулиганите за време на Европското првенство. Во март, британскиот Mail Sport објави дека на илјадници фудбалски навивачи им е забрането да ја следат селекцијата на Англија во Германија поради ограничувањата на владата на Обедиентото Кралство.

Повеќе од 1.600 навивачи на кои им е изречена забрана ќе бидат принудени да ги предадат своите пасоши на полицијата од 4 јуни до финалето на Европското првенство на 14 јули за да се осигури дека нема да се обидат да присуствуваат на натпреварите.

Секој што нема да го предаде пасошот или да се обиде да патува во Германија, ќе се соочи со голема парична казна или затворска казна, со максимална казна од шест месеци.