Германија: Сите против AfD во изборот на премиер во Саксонија

Актуелниот премиер Мајкл Кречмер од Христијанско-демократската унија (CDU) во средата беше реизбран за шеф на владата на сојузната покраина Саксонија, иако неговата коалиција нема мнозинство во парламентот во Дрезден.

„Се радувам на соработка со парламентарните партии. Заедно можеме да надминеме бројни пречки“, им порача Кречмер на претставниците.

Тој во вториот круг гласање го победи кандидатот на крајната десница Алтернатива за Германија (AfD), Јерг Урбан.

На парламентарните избори на почетокот на септември во оваа покаина, многу тесно победи CDU со 31,9 отсто, пред AfD која освои 30,6 отсто. Но, победата не беше доволна за враќање на коалицијата со Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и Зелените (Bündnis 90/Die Grünen).

По неколкунеделни преговори, CDU и SPD формираа малцинска влада која смета на поддршката од другите претставници за донесување одлуки. CDU и SPD имаат 51 мандат во парламентот каде за мнозинство се потребни 61 пратеник.

Во септември се одржаа избори во три германски сојузни покраини – Саксонија, Тирингија и Бранденбург, каде владејачките партии, чијашто коалиција оттогаш се распаднаа, коалицијата на канцеларот Олаф Шолц (SPD), доживеа голем неуспех, а AfD доживеа голем раст.

AfD се етаблира како втора најсилна политичка партија во Германија на сојузно ниво од минатата година во повеќе истражувања на јавното мислење. На повеќето покаински избори eсенва анализите покажуваа и дека AfD била особено успешна во источните делови од Германија и кај помладите гласачи. Во групата од 16 до 24 години оваа партија освоила 17 отсто од гласовите.

И покрај падот на популарноста поради бројните скандали со нејзините политичари, хајката во мејнстрим медиумите и ставањето на големи нејзини делови под следење и опсервации на безбедносните служби и барањата на етаблираните партии за нејзина забрана, AfD успеа да профитира од незадоволството на граѓаните од работата на коалициската влада. AfD, исто така, имаше полза и од убедувањето на многу гласачи дека Унијата на CDU/CSU, исто така, нема да водеше подобри политики доколку беше на власт губејќи ја својата конзервативна и десна политичка ориентација.

Партијата AfD се појави пред десет години со противење на еврото а доби популарност во текот на мигрантската криза во 2015-та и во германскиот парламент Бундестагот првпат влезе во 2017-та, а со којашто главните традиционални партии во Германија одбиваат да соработуваат критикувајќи ги нејзините радикални ставови.

Политичките аналитичари сметаат дека ѝ одат во полза стравувањата на граѓаните во врска со рецесијата, големата миграција и зелената транзиција, а на сојузните избори во 2025 година има намера и да истакне свој ткн „шпицен-кандидат“, односно кандидат за канцелар. Партијата особено го зајакна својот рејтинг на просторот на поранешната комунистичка Источна Германија, а анкетите упатуваат на тоа дека може да оствари победа во три источни сојузни покраини следната година.