Германија и семејствата на израелските спортисти убиени во текот на Олимписките игри во Минхен во 1972 година се договорија за отштета во износ од 28 милиони евра, објави во петокот портпаролот на германското министерство за надворешни работи.
Семејствата во август изјавија дека не се задоволни од последната германска понуда и најавија дека во знак на протест ќе ја бојкотираат комеморацијата во понеделникот по повод 50-годишнината од атентатот.
Сојузната влада ќе даде 22,5 милиони евра, а сојузната покраина Баварија пет милиони, а градот Минхен 500.000 евра, соопшти портпаролот на германската дипломатија.
Вооружени Палестинци од радикалната групација Црн септември на 5-ти септември 1972 година во слабо обезбедуваното олимпиското село во Минхен грабнаа членови на израелскиот олимписки тим. Во текот на заложничката драма која траеше 24 часа, убиено беа 11 Израелци, петмина Палестинци и германски полицаец.