Германија со 3:1 подобра од САД

Фудбалерите на Германија предводени од новиот селектор Јулијан Нагелсман победија на пријателскиот натпревар против домаќинот САД со 3:1.

Натпреварот одигран во „Ист Хартфорд“ не започна најдобро за домаќинот на следното Европско првенство, бидејќи Кристијан Пулишил ги доведе Американците во водство со голот во 27. минута. Сепак, Германците до крајот на првиот дел успеаја да израмнат, Илкај Гундоган во 39. минута погоди за 1:1.

Во продолжението од мечот Германија до победата ја предводеа Никлас Фуелкруг и Џамал ​​Мусиала, кои погодија во 58. и 61. минута за конечната победа.

Во среда, на 18-ти октомври, Германија во Филаделфија ќе одигра пријателски натпревар против Мексико