Поранешниот директор на германската јавна национална телевизија ARD можеби имал значително поголема улога во производството на нацистичката пропаганда отколку што признал додека бил жив, укажуваат податоците од истрагата објавени во саботата.
Ханс Абих, спротивно на неговите тврдења, „работел за (нацистичкото) министерството за пропаганда и списанија на студентското тело кое ја пренесувало идеологијата на тоа време“, објави ARD откако ја нарачале истрагата за кариерата на поранешниот директор на телевизијата.
„Меѓутоа, не може да се докаже дека тој самиот некогаш ја следел оваа идеологија“, додаваат од ARD, истакнувајќи дека Абих кој е родени во 1918 година а почина во 2003 година, изнесол лажни тврдења за своите активности во времето на нацизмот.
Според резултатите од истрагата, Абих во своите средни 20-ти години не успеал високо во структурите на нацистичката партија NSDAP која владеела со Германија меѓу 1933 и 1945 година. Но „сепак, бил столб ба нацистичкиот режим кој ја промовирал фашистичката идеологија“.
Абих бил директор на Радио Бремен во периодот од 1968 до 1973 година, а потоа програмски директор до 1978 година.
Истрагата ја поттикнал напис објавен во 2021 година во весникот Die Zeit, кој ги доведе под сомневањата тврдењата на Абих за својата кариера.
„Во поголем дел ја сокрил својата улога на нацистички публицист, а делумно лаже и за своето членство во NSDAP“, изјави Томас Биркнер од Универзитетот во Салцбург, чиј тим ги спровел истражувањето по нарачка на ARD.
Инаку ARD е здружение на јавни радиотелевизиски сервиси, основано во 1950 година за да го претставува новиот, повоен и децентрализиран начин на емитување во тогашната Западна Германија.