Германија стравува дека ЕУ нема да ја одобри вакцината на AstraZeneca поради слабата ефикасност

EPA/DRAGO PRVULOVIC SWEDEN OUT

Вакцината на англо-шведската компанија „AstraZeneca“ против Covid-19 не е многу делотворно за лица повозрасни од 65 години, изјавиле извори во германската влада за дневните весници Bild и Handelsblatt што ја доведува во прашање нејзината погодност за масовните програми за вакцинација.

Германските челници стравуваат дека Европската агенција за лекови (ЕМА), можеби нема да ја одобри за примена вакцината на „AstraZeneca“ кај лица над 65 години, наведува дневниот таблоид Bild и деловниот весник Handelsblatt, бидејќи нејзината ефикасност меѓу популацијата повозрасна од 65 години изнесува помалку од 10 отсто.

Тоа би било уште еден удар за „AstraZeneca Plc“ кој ја произведе вакцината во соработка со Универзитетот Оксфорд. Компанијата во петокот извести дека за ЕУ до крајот на март нема да може да обезбедат доволни количества вакцини. Се очекува во петок ЕМА да даде одобрување за користење на вакцината на „AstraZeneca Plc“, а од компанијата засега не ги коментираа написите во германските весници.

Изворите на весниците истакнале дека Министерството за здравство веќе разработува план како ќе реагира на ваквата ситуација, бидејќи се доведува во прашање вакцинирањето на голем број граѓани.

Германските медиуми потсетуваат дека големи надежи беа полагани во вакцината на „AstraZeneca“, бидејќи таа не е потребно да се чува на многу ниските температури, за разлика од оние кои ги направија „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“. Поради тоа и вакцинацијата би било полесно изведлива.

Се очекува на 29-ти јануари ЕУ да даде одобрување за користењето на вакцината на „AstraZeneca“, а веќе се нарече 400 милиони дози. Претходно производителите на оваа вакцина објавија дека таа е ефикасна 70 отсто, но во нејзините испитувања учествувале многу мал број лица повозрасни од 65 години.

„AstraZeneca“ веќе има проблем со испораката на вакцинтие за ЕУ, па ќе дистрибуира помалку од 80-те милиони, колку што вети, односно само 31 милион дози. Надлежните во ЕУ остро го критикуваа овој проблем, бидејќи наведуваат дека Унијата го финансираше развојот на вакцината.