Шефот на кабинетот на германската кацеларка, Хелге Рејнхолд Браун, предупреди дека следната мутација на коронавирусот може да биде имуна на постојните вакцини, доколку паралелно со вакцинацијата дојде до брз раст на инциденцата на Covid-19.
„Доколку, паралелно со вакцинацијата, бројот на заразите одново брзо се зголeми, се зголемува I опасноста дека следната мутација на вирусот ќе стане имуна на вакцините“, вели во интервјуто за весникот Bild am Sonntag, шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел.
„Тогаш ќе останеме со празни раце. Ќе ни бидат потребни нови вакцини, вакцинирањето ќе мора да започнe одново“, појаснува Браун и додава дека таквото сценарио мора да биде спречено „по секоја цена“.
Според Браун, во моментов Германија ја преживува „најопасната фаза од пандемијата“, при што третиот бран на епидемијата во земјата се заканува да биде полош од вториот, поради позаразните мутации на коронавирусот.
Браун, кој по занимање е лекар, истакнува и дека од вторник сите патници кои ќе летаат кон Германија ќе треба да направaт тест за коронавирусот. „Патник ќе се качи на авион кој лета за Германија, само доколку тестот биде негативен“, додава.
Претходно седмицава во Германија беше продолжена мерката карантин до 18-ти март. Во текот на пандемијата во земјата со 80 милиони жители регистрирани се над 2,7 милиони случаи на зараза со коронавирусот, а починале повеќе од 75.800 пациенти со потврден Covid-19.