Германија уапси доцент осомничен дека шпионирал за Русија

Полицијата по налог на Главното државно обвинителство на Германија го уапсила рускиот државјанин идентификуван како Илнур Н. под обвинение дела шпионирал за руските тајни служби, соопшти обвинителството во понеделникот.

„На Илнур Н. му се забележува дека како доцент на еден природнонаучно-технички факултет во периодот меѓу октомври 2020 и јуни 2021 година на припадник на руските тајни служби во најмалку три наврата во замена за пори им давал информации за активностите на универзитетот на кој бил вработен“, соопшти Главното сојузно државно обвинителство во Карслруе.

Спроед неофицијалните сознанија на германските медиуми, станува збор за Илнур Нагаев кој на Универзитетот во Аугсбург работел на катедрата за механика и материјали.

Упасениот веќе е изведен пред истражен судија, кој одредил притворот на неодредено време.

На почетокот од јуни германските медиуми цитирале извештај на Сојузното биро за заштита на уставниот поредок, според кој Русија последните години наводно „значително ги интензивирала“ своите шпионски активности во Германија.

Според медиумските извештаи, Русија во последниот период во Германија наводно испратола над 200 тајни агенти кои главно работат под заштита на дипломатските претставништва.

Германски политичари, меѓу кои е и министерот за внатрешни работи во сојузната покраина Долна Саксонија, Борис Писториус, предупредија на опасноста од влијанието на странските тајни служби на исходот на парламентарните избори во Германија во ноември.