Германија удира на AfD, во Саксонија прогласена за екстремно десничарска организација

Покраинскиот огранок на партијата Алтернатива за Германија (AfD) во сојузната покраина Саксонија е прогласен за радикално десничарска организација, објави во петокот покраинската канцеларија за заштита на уставниот поредок.

AfD се етаблира како втора најсилна политичка партија во Германија на сојузно нови во повеќе истражувања на јавното мислење со вредности за поддршка кај гласачите од над 20 проценти. Една година пред неколку избори во источните сојузни покраина, AfD ужива поддршка од над 30 отсто од гласачите во овој дел од земјата. Тоа предизвикува стравувања од пресликување на ситуацијата од соседна Холандија, каде на неодамнешните парламентарни избори победи крајната десница.

До октомври се сметаше дека партијата е попривлечна за гласачите на посткомунистичкиот исток, а всушност сега, антиимиграциската  AFD освои 18,4 отсто од гласовите во неделата во покраината Хесен во западно-централна Германија – област која го вклучува финансискиот главен град Франкфурт. Заврши второ зад Христијанско-демократската унија (CDU), а на трето во Баварија. Околу една четвртина од сите германски граѓани со право на глас живеат во Хесен.

Тоа беше најдобриот резултат за AFD на изборите во западната сојузна покраина во само десетгодишното постоење на партијата.

„Повеќегодишната правна проверка недвосмислено покажа дека огранокот на AfD за Саксонија има цели спротивни на уставниот поредок на Сојузна Република Германија. Екстремистичката десничарска ориентација на AfD е неспорна“, рече шефот на покраинската канцеларија за заштита на уставниот поредок Дирк-Мартин Кристијан во Дрезден.

Канцеларијата за заштита на уставниот поредок четири години го надгледува огранокот на AfD за Саксонија, а уште во април годинава младите на AfD за Саксонија беа окарактеризирани како радикално десничарска организација.

Во оценката што доведе до прогласување на AfD за Саксонија за радикално десничарска организација, се наведува дека членовите на оваа европскептична и противдоселеничка партија „со години застапуваат ставови кои јасно се против демократскиот поредок“.

AfD, како што се наведува, „ги прекршува уставните правила за почитување на човековото достоинство, особено кога станува збор за темата за имиграција“. Понатаму, се наведува и дека наводно AfD „шири антисемитски ставови и теории на заговор и застапува етничко-националистички позиции“.

Саксонскиот огранок е, по огранокот на AfD за Тирингија и Саксонија-Анхалт, третиот покраински огранок на AfD кој се карактеризира како радикална десница.

Оваа градација ѝ овозможува на сојузната Канцеларија за заштита на уставниот поредок да ги користи средствата на тајните служби, како што е прислушувањето, тајно снимање и следење, за да добие информации кои можат да бидат релевантни за спречување на екстремизмот.