Германија во април веројатно нема да ги добие количествата од речиси 900.000 дози од вакцината против коронавирусот на американскиот производител „Moderna“, пренесува изданието Business Insider, повикувајќи се на извори во владата во Берлин.
Според сознанијата на изданието, во периодот 26-ти април до 2-ри мај се очекува испораката на меѓу 628 и 878 илјади дози од вакцината на „Moderna“, но „според сѐ судејќи“ Германија нема да добие ниедна. Имајќи ги предвид проблемите со снабдувањето со вакцините на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“, германските власти имаат намера да ги надоместат количествата кои недостасуваат со зголемување на залигите од вакцината на „Pfizer/BioNTech“, а неколку кампањи за вакцинација ќе бидат откажани.
„Бидејќи одвај имаме резерви, и покрај тоа што следните седмици имаме резервирани повеќе набавки за вакцинацијата, ќе се најдеме во тешка ситуација“, го цитира весникот портпарол на сојузната германска влада.
Како што наведува изданието, точната причина за проблемите со снабдувањето со вакцините е непозната, но истовремено забележува дека испораките на „Moderna“ „многу често“ се планираат на краток рок, одложувањето на испораките биле забележани уште од март.