Германија во среда го намалува данокот на гориво

Во Германија во средата започнува тримесечната фаза на намалување на даноците на горивата, што треба да го растовари населението од драстичните поскапувања на енергенсите последните месеци.

Така литар бензин треба да поевтини за 35,2 а дизелот за 16,7 евроценти. Литар супер во вторникот во просек чинеше 2,13 а дизелот 2,02 евра.

„Граѓаните кои се зависни од автомобилот не сакаме да ги оставиме не цедило“, објави на Twitter германскиот министер са финансии Кристијан Линднер.

Најави дека од антимонополското тело Бирото за сузбивање картели ќе побара внимателно следење на цените на бензинските црпки за да се утврди дали компаниите ги пренесуваат снижените цени на потрошувачите.

И најголемиот германски автомото клуб ADAC најави дека „интензивно ќе го следи“ движењето на цените на горивата.

Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека властите немаат инструменти да ги присилат нафтените компании на намалување на цените на бензинските црпки.

Намалувањето на данокот на горивата е една од мерките кои коалициската влада ги договори за финансиски да ги растовари граѓаните, кои веќе неколку месеци плаќаат драстично зголеми цени на енергенсите.

Другите мерки се еднократна исплата на 300 евра додаток за сите вработени и самостојни претприемачи, како и воведување месечен биле за јавниот сообраќај по субвенционирана цена од 9 евра.