Германија забрани десничарско списание, пребарува имоти во четири покраини

Властите во четири германски сојузни покраини извршија претреси на недвижнсти поврзани со десничарското екстремистичко списание Compact, откако Министерството за внатрешни работи го забрани објавувањето во вторникот, велејќи дека тоа е спротивно на уставниот поредок.

Во соопштението на министерството се наведува дека претресите во недвижнистите на списанието, како и на домовите на неговите водечки личности, уредништвото и водечките акционери во Бранденбург, Хесен, Саксонија и Саксонија-Анхалт, биле насочени кон запленување на имот и други докази.

„Тоа е централниот весник на десничарската екстремистичка сцена. Ова списание промовира омраза кон Евреите, луѓето со историја на миграција и нашата парламентарна демократија на неискажлив начин“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Со забраната, која се однесува и на компанијата ќерка на Compact, „Conspect Film“, се спречува секакво продолжување на претходните активности.

Главниот уредник на магазинот, Јурген Елсасер, не одговорил веднаш на барањето на медиумите за коментар, уптено преку електронска пошта.

Месечникот, со ограничен печатен тираж од 40.000 примероци и широко присуство на социјалните мрежи, го шири концептот на општество кое настојува да прикаже одредени етнички групи како граѓани од втор ред и да создаде клима на маргинализација, обвинуваат од Министерството.