Германија забрани и спроведе рации на три групации поврзани со Хезболах

рманската полиција извела во средата рации на 20 локации во неколку сојузни покраина насочени против организации чиешто дрлување властите го забраниле поради нивната поврзаност со либанското шиитско движење Хезболах.

Полициската акција следела откако на 15-ти април е објавена забраната за дејствување на овие организации, соопшти во средата портпаролот на сојузното германско минисерство за внатрешни работи. Рациите биле спроведени во Бремен, Хесен, Хамбург, Долна Саксониј, Северна Рајна-Вестфалија, Шлезвиг-Холштајн и во Рајнската област-Пфалц.

„Оние кои го поддржуваат тероризмот нема да бидат сигурни во Германија. Без оглед на тоа под која маска се појавиле, нема да најдат сигурно засолниште во нашата земја“, порача министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер преку Twitter кој во моментов е во карантин поради зараза со коронавирусот.

Рациите следат откако претходно во текот на актуелниот палестинско-израелски судир од Либан, исто така, кон Израел беа истрелани неколку проектили, за што се сомничи Хезболах кој одржува тесни односи со Иран кој е осведочен израелски непријател.

„Дејствијата се одговор на израелските непријатели дека Германија стои зад израелскиот народ“, изјави од своја страна генералниот секретар на владејачката Христијанско-демократска унијиа (CDU), Паул Цјемјак,

Трите забранети групации собирале донации и организирале спонзорства за семејствата на загинатите припадници на Хезболах. Според германското минитерство, младите приврзаници на Хезболах со тоа биле поподгтовени да учествуваат во борбата против Израел со сознанието дека нивните најблиски ќе добијат финансиска поддршка доколку загинат.

„Целта на овие организации, исто така, била промовирање на шиитската борбна против Израел, што е спротивно на идејата за меѓунардното разбирање“, додава германското министерство за внатрешни работи.

Германија во 2010 година ги забрани активностите на Хезболах на својата територија. Германските разузнавачки служби проценуваат дека моментално во земјата има околу 1.500 членови и приврзаници на Хезболах. Тие во Германија немаат официјална организација, туку делуваат неофицијало, меѓу другото и собирајќи пари.