Германија бара од Франција и Холандија поддршка за отворањето на преговорите со Македонија и Албанија

Германија ги повика во вторникот Франција и Германија да дозволат Европската унија да ги започне преговорите за членство со Македонија и Албанија за да се придонесе кон стабилизацијата на западен Балкан, откако европските дипломати не успеаја да се договорат за тоа, јавува Reuters.

Франција и Холандија се спротиставуваат на отворањето на преговорите за членство во Европската унија со Македонија и Холандија, и се сметаат за автори на нон-пејперот од неодмна, кој првично ја имаше поддршката и од Данска и Луксембург. Париз смета дека ЕУ треба да ги реформира своите институции пред да прими нови членки. Меутоа, група земји предводени од Германија се заземаат за тоа шесте земји од западен Балкан да бидат примени во ЕУ за да се зголеми влијанието на Унијата во регионот „имајќи ја предвид сé понаметливата Русија“.

„Германската влада е подготвена да ги поддржи Албанија и Поранешната југословенска Република Македонија на нивниот пат кон Европската унија… Подготвени сме да дадеме зелено светло. Би сакал да ги охрабрам нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат“, изјави германскиот министер за европски работи михаел Рот по пристигнувањето на состанокот со колегите во Луксембург, кого го цитира агенцијата.

Амбасадорите на државите членки на ЕУ кои го подготвуваат состанокот во понеделникот вечерта не успеаја да го подготват документот за отворањето на преговорите со Македонија и Албанија којшто би можеле да го потпишат шефовите на дипломатиите на членките.

Холандскиот парламент го одобри отворањето на преговорите со Македонија, откако беше постигнат договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија. Меѓутоа, европски дипломат за Reuters рекол дека холандската влада не е наклонета тоа да го одобри додека тоа не го стори и Франција, па конечната одлука ќе мора да ја донесат претседателите на државите или владите на самитот во Брисел кој почнува во четврток.

Во прилогот се наведува и дека случајот на Албанија е посложен, бидејќи Париз и Хаг сметаат дека земјата не напредувала доволно кога станува збор за реформите на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Европската комисија, пак, смета дека и двете земји многу напредувале во споменатите области.

Многу европски земји, вклучително и Австрија, којашто ќе претседава со ЕУ од јули, сакаат да им испратат сигнал на Македонија, Албанија и другите земји од западен Балкан дека патот кон членството во Унијата уште е отворен, особено за Македонија коајшто во јули би требала да влезе во НАТО, оценува Reuters.

„Постигнат е голем напредок. Тоа само го потврдува нашиот став дека западен Балкан би треба да има јасна перспектива за членство“, изјавил австрискиот министер за европски работи, Гернот Блумел.