Германија и Франција ќе прават нов борбен ловец

Германија и Франција најавија дека на почетокот од 2019 година ќе ги потпишат договорите со компаниите „Airbus“ и „Dassault Aviation“ за да започнат да работат на борбени авиони од следната генерација, а следниот чекор ќе биде тенковската прогарама кон крајот на годината.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркеч првпат ги најавија двата големи програма за вооружувањето уште во јучли 2017 година, во рамките на иницијативата за јакнење на билатералната одбранбена соработка.

„Ова претставува решителен чекор во европската одбрана којашто покажува дека Франците и Германија моќе да се обединат за идните проекти“, соопштија во средата двате влади. Откриваат дека е постигнат „значителен напредок“ по прашањето на програмата за развој на новиот борбен авион кој ќе замени сегашние летала од типовите „Eurofighter“ и Rafale“ на „ Dassaul“ до 2040 година.

Сооопштено е, исто така, дека министрите за одбрана на двете земји во понеделникот договорител дека комппаниите „Airbus“ и „Dassault“ заедно ќе го водат проучувањето за издниот систем на воздушни битки (FCAS), коешто ќе вклучува борбени авиони и серија сродни оружја, вклучитечлно и дронови.

Извори од оваа индустрија за медиумите изјвиле дека истражувањето ќе трае две години, а во соопштението се наведува дека дополнителните студии и договори за работење на леталата ќе бидат објвени на саемот „Paris Air Show“. Равојот на авионите ќе го предвиди Франција, додека Германија ќе го води развојот на новиот тенк.