Германија и Франција соопштија во понеделникот дека ќе останат во нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили од 2015 година, дури и доколку САД се повлечат од него, а германскиот министер за надворешни рабти изјави дека светот би бил помалку безбедне без овој договор.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со повлекување од нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили така што нема да го продолжи на 12-ти мај доколју европските потписнички не ги отрстранат „недостатоците“ во него.
Шефот на германската дипломатија Хеико Маас изјави дека е јасно дека овој договор го направил светот побезбедени, како и дека постои ризик од ескалација доколку тој биде откажан. Имено, Техеран порача дека доколку биде отфрлен договорот и повторно бидат воведени санкции против него, ништо нема да го спречува да се врати на својата нуклеарна програма во обемот од пред договорот.
„Мислиме дека нема оправдана причина за повлекување од овој договор и ќе продолжиме во тоа да ги уверуваме нашите американски пријатели…. Како што рече Жан-Ив, ние сакаме да се придржуваме до овој договор“, изјави Маас на заедничката прес-конференција со францискиот колега Жан-Ив Ледријан.
Шефот на француската диломатија од своја страна рече дека Франција, Германија и Велика Британија ќе го почитуваат нуклеарниот договор со Иран од 2015-та без разлика на одлуката на САД, којашто ќе биде донесена при крајот на седмицава, бидејќи тоа е најдобриот начин да се избегне ширењето на нујлеарното оружје.
„Решителни сме во тоа да го спасиме овој договор, бидејќи тој не’ штити од ширењето на нуклеарното вооружување и претставува вистински начин за запирање на Иран да дојде во посед на нуклеарно оружје“, рече Ледријан.
Европските земји се доследни во зачувувањето на договорот со Иран, но во желбата да ги натераат САД да останат во него, подготвени се да разговараат за проширување на договорот со нови обврски. Станува збор за одреби кои се распоредуваат во черири ткн столба, како што ги нарече францускиот претседател Емануел Макрон, при неговата неодамнешна посета на Вашингтон: да се продолжи надозорт на иранските нуклеарни активности по 2025 година, да се вклучи во договорот и надзорот над иранската програма за развој на балистички проектили, како ид а се ограничи иранското политичко и воено влијаени во регионот, во војните во Сирија и Јемен.
Иранскиот претседател Хасан Роухани во понеделникот испрати сигнали дека Иран би можел да остане во рамјите на нуклеарниот договор, дури и доколку САД се повлечат од него.