Германија ја окупираа бордели

Во која мерка проституцијата во Германија се смета за легитимна професија сведочи и тoа дека изминатите години на невработените Германци, Бирото за вработување им нуди работа и во бордел.

Бројот на проститутки во Германија во изминатите 20 години се зголеми двојно. Моментно има околу 400 илјади. Годишниот промет од проституција во Германија е 16 милијарди евра.

Најголем дел од нив се од источноевропските земји, а на пазарот моментно доминираат мегабордели кои сексот го нудат во речиси индустриски размери. Во најново време, хит понуда е по принцип на шведска маса, за една единствена цена клиентот може да искористи колку што му дозволуваат можностите.

Дури и германските политичари кои на почетокот ја поддржуваа либерализацијата на проституцијата сметаат дека работата отишла малку подалеку и дека не може многу да се постигне додека европските земји имаат различни решенија.

Феминистката Алис Шварцер моментно води кампања законот за проституција да се змени и да се усвои шведскиот пристап, според кој на кривично гонење не подлежат проститутките туку клиентите.

Тој се покажал како ефикасен во сузбивање на проституцијата, па тешко е да се усвои во другите европски земји меѓу кои и Франција. Од тоа профитираат германските бордели во пограничните подрачја, бидејќи најстариот занает на светот е тешко да се искорени.

Кога пред 12 години беше изгласан законот, идејата беше жените да се спасат од експлоатација.