![germanija rusija,](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/germanija-rusija.png?resize=696%2C464&ssl=1)
Владата на Германија донесе одлука да ја прекине целосно воената соработка со Русија до крајот на април оваа година, пренесе „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на информации од претставник на Министерството за одбрана на Германија.
Покрај тоа, од германското министерство за економија и енергетика истакнаа дека во сегашни услови не можат да се склучуваат уникакви договори кои се однесуваат на вооружувањето.