Германија ќе им исплати компензација на жртвите од Холокаустот

Германија ќе им исплати еднократна компензација на Евреите, кои како деца го преживеале Холокаустот, соопшти њујоршката организација која го води процесот за компензација.

Како што е наведено во соопштението, Германија ќе им исплати на жртвите по 2.500 евра.

Се претпоставува дека има околу илјада Евреи кои како деца го преживеале Холокаустот и се се уште живи.