Дел од германскиот град Хемниц во Саксонија е под полициска опасада поради закана од терористички напад. Во тек е потрага по млад Сириец.
Според информациите кои ги објави германски „Билд“, полицијата пронашла траги од експлозив, а во тек е потрага по сириски имигрант 22-годишниот Џабер Албакр.
„Фокус онлајн“ јавува дека одредено време бил под надзор на полицијата и тајните служби и дека е планиран бомбашки напад на еден германски аеродром.
„Синоќа добиме дојава од разузнавачките служби за сериозна терористичка закана“, изјавиле за „Билд“ извори од полицијата.
Германската полиција објавила негови фотографии и ги повикала сите кои го виделе или го познаваат да се јават.
Полицијата насила влегла во зграда во една населба во градот. Меѓутоа бараното лице не е пронајдено во зградата. Улиците се затворени за сообраќај.
Германија во јули беше мета на два напади за коишто одговорноста ја презеде Исламска држава.
https://www.youtube.com/watch?v=um17kaZD4sM