Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев е убеден дека неговиот тим може да слави на престојниот Мундијал во Бразил.
„Нормално дека сме подготвени за престојниот Мундијал во Бразил. Целосно сме фокусирани на најважниот спортски настан во 2014 година, на Бразил мислиме откако заврши ждрепката за групната фаза. Подготвени сме за борба, сакаме да се бориме за победничкиот пехар. Ја чуствувам подршката на најверните фанови, ја чуствувам желбата на моите фудбалери кои се орни за докажување. Знам дека постои голем интерес и дека ќе имаме фантастична подршка во Бразил. Јас секогаш сум под голема тензија, така е секогаш пред стартот на некое големо натпреварување. Ние ќе дадеме се од себе, сакаме да го прекинеме тој долг пост”, изјави Лев.