Германија натпросечно профитира од ЕУ

Германските граѓани финансиски најмногу профитираат од Европската унија, произлегува од истражувањето на фондацијата Bertelsmann објавено во средата, па на граѓаните на Германија годишно на располгање им се 1.046 евра повеќе отколку што би имале доколку земјата не е членка на ЕУ.

„На граѓаните на Германија благодарејќи на Европската унија им стојат на располагање 1.046 евра повеќе отколку што би имале доколку ЕУ не постои. Заедничкиот пазар е најсилниот инцијатор на нашата економија“, истакнал членот на управата на фондацијата Bertelsmann, Аарт де Геус.

Граѓаните на другите земји членки на Европската унија во просек годишно од заедничкиот пазар профитираат по 840 по глава на жител. Најниските примања се во земјите членки, како што е Хрватска, на пример, каде што бруто домашниот производ благодарејќи на членството во Унијата е околу 380 евра поголем на годишно ниво.

„Не профитираат сите подеднакво од заедничкиот пазар, но профитираат сите“, рекол Де Геус на претставувањето на студијата во западногерманскиот град Гетерслохе, каде што се наоѓа седиштетот на фондацијата Bertelsmann.

Интересно е што од Европската унија најмногу профитира Швајцарија со 2.914 евра од БДП-то по глава на жител. Земјата не е членка на Унијата, но со билатерални договори практично е членка на заедничкиот пазар.

Од европската градови најмногу профит од заедничкиот пазар имаат Цирих и Лондон.

„Колку во некој регион е посилна индустријата и особено гранките кои се ориентирани кон извозот, толку е поизразен профитот од заедничкиот пазар“, појаснува еден од авторите на истражувањето, Доминик Понату. Додава дека од заедничкиот пазар поизразено профитираат регионите со силно средно претприемништво.