Германија одново ги отфрла грчките барања за репарација

Германската влада во четвртокот решително го отфрли новото барање на Грција за исплата на репарација за штетите нанесени во текот на Втората светска војна кое во средата го прифати парламентот во Атина.

„Ставот на германската влада за ова прашање е непроменет: прашањето на германските репарации, како правно така и политички, дефенитивно е решено“, порача во четвртокот еден од портпаролите на германската влада.

Уште во средата главниот портпарол на германската влада Штефан Зајберт објасни дека Германија е свесна за својата историска одговорност, но дека плаќањето за исплата на воената отштета, што се однесува до Берлин, е решено.

„Ние сме свесни за вината и големите неправди коишто Германија и Германците за време на националсоцијализмот ги сториле во Грција. И затоа се трудиме со Грција, членка на Европската унија и еврозоната, да имаме добри односи и да останеме пријатели и партнери“, рече Зајберт.

Покрај Грција, и од Полска во последно време пристигнуваат барања за исплата на репарација во висина од 800 милијарди евра. Со двете земји од ЕУ Германија има напнати односи. Причина за тоа е строгото постапување на Германија во решавањето на грчка должничка криа, а во случајот на Полска односите се тензични меѓу Берлин и полската конзервативна влада.

Грчкиот парламент во средата донесе одлука за покренување дипломатска офанзива за Германија да ја исплати воената отштета. Репарацијата се однесат на штети сторени во текот на окупацијата на Грција, но и на едно принудно „позајмување“ во висна од 412 милиони тогашни марки која Грчката национална бан Барањето репарација од Втората светска војна е идеја којашто потекна од претходната конзервативна влада на Антонис Самарас од 2013 година, но не беше упорна во овој процес. Берлин неколкупати одговори дека воената отштета со Грција е решено прашање, a на почетокот од февруари 2016 година ова прашање повторно го отвори новата влада во Атина, предводена од челникот на радикалната левица, Алексис Ципрас.

Грција уште пред три години обајви дека парламентарна комисија треба да ја процени висината на бараните репарации, како и дека проценува дека станува збор за износ до 332 милијарда евра. Грција министерството правосудство се закани дека, доколку Германија го одбие барањето, ќе ги запленува германските недвижнини во Грција. Станува збор за зградата на Гете институтот во Атина, Германскиот археолошки институт и германските училишта во Атина и во Солун.

Во април истата тогашниот германски министер за економија и вицеканцелар Зигмар Габриел грчкото барање го нарече „глупост“. Оцени дека презадолжената Грција сака да добие повеќе време од своите партнери во еврозоната и да постави нови услови за продолжувањето на финансиската помош и така да го избегне банкротот, но дека тоа нема „никаква врска со воената репарација од Втората светска војна“. Според него пред 25 години е потпишан договор кој ги оневозможува таквите барања од грчка страна.

Германија од крајот на војната во 1946 година, според договорот ѝ ги исплатила репарациите на Грција, и активно го поддржала обновувањето на земјата, појасни во неколку наврати изминатите години Берлин. Германија ѝ платила на Грција во 1960 година, 115 милиони тогашни германски марки (67 милиони тогашни американски долари) за штетата предизвикана од окупацијата во периодот од 1941 до 1944 година, кога стотици илјади луѓе во Грција починале од глад или биле убиени. Грчките влади, пак, смета дека овие исплати се несоодветни.

„Спогодбата за конечно решение со обѕир на Германија“, попознат како „Спогодбата два плус четири“, во септември 1990 година, непосредно пред обединувањето на Германија, го потпишаа тогашните Западна и Источна Германија и четирите земји сојузнички од Втората светска војна. Со тој документ, што го потпишала и Грција, повлечена е линија под можните идни барања кон Германија за воена отштета, вклучително и за тоа што тогашната грчка централна банка била принудена да им даде пари на нацистите.ка во 1942 година била присилена да ѝ ги исплати на Германија, а таа со тие средства делумно ги финансирала воените актвиности во Северна Африка.