
Рекордни 40,3 степени Целзиусови измерени вчера во Германија, поточно во баварскиот град Кицинген.
Тоа е највисока температура на воздухот забележена во Германија од 1881 година, откако се водат метеоролошки податоци. Досегашниот рекорд беше 40,2 степени.
Од денеска Германија се наоѓа под „студен“ бран и температурите се движат од 25 степени во северниот дел од земјата до 34 во јужниот дел.