Германија воведува казнени мерки против лажните вести на интернет

казни

Во земјата веќе некое време се води дебата за последиците кои дезинформациите и спиновите би можеле да ги произведат за време на парламентарните избори догодина. Кон крајот на минатата седмица шефот на парламентарната група на владејачката германска партија, Христијанскодемократска унија (ЦДУ), Фолкер Каудер изјави дека Владата во почетокот на идната година ќе изготви закон според којшто социјалните медиуми ќе треба да отворат локални канцеларии за жалби за неточни информации и клевети.

Во меѓувреме, невладината организација „Репортери без граници” го објави својот годишен извештај, според кој во 2016, 57 новинари биле убиени при исполнување на своите должности и задачи, меѓу другото, повикувајќи го скоро избраниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш да назначи специјален претставнитк за заштита на новинарите.