Германија загуби од Австрија по 32 години

Подготовките за Мундијалот се во полн ек, па вечерва на терените ширум Европа се одиграа неколку пријателски натпрвари. Меѓу понитересните е дуелот меѓу Германија и Австрија, кој се одржа во Клагенфурт. Гостите ги изненадија светските прваци со 2:1. Ова е прв пораз на Германија од Австрија по цели 32 години. Освен овој податок, мечот го одбележа враќањето на голманот Мануела Ноер.
Тој пак застана на германскиот гол девет месеци по поредата на коленото, но не можеше да ги одбрани ударите на Хинтерегер (53) и Шоеп (69) го поразиле, па Австријците направија комплетен пресврт. Германија поведе во 11 минута со голот на Озил. Светските шампиони се веќе пет натпревари без победа и тренерот Јоаким Лев го очекува многу работа да ја врати самодовербата пред почетокот на СП.

Во подготвителниот фудбалски натпревар на „Вембли“ во Лондон, Англија ја победи Нигерија со 2: 1.
Гери Кејхил (7) и Хари Кејн (39) постигнаа голови за Англија, додека единствениот гол за Нигеријците, беше постигнат од напаѓачот на Арсенал, Алекс Ивоби (47).
Шведска-Данска, како и Белгија-Португалија одиграа без голови, Црна Гора изгуби од Словенија 0:2, а Ирска беше подобра од САД со 2:1.