Германска амбасадорка го нападна Трамп: Американските војници не нè бранат нас! Тука се да демонстрираат американска моќ во Азија и Африка

Американските трупи не се во Германија за да ја заштитат земјата, туку да ја зачуваат трансатлантската безбедност, рече германската амбасадорка во САД, Емили Хабер за време на оналјн-дискусијата во Советот за меѓународни односи.

„Американските војници (кои се присутни во Германија) не се наменети за да ја заштитат. Тие се наменети да ја заштитат трансатлантската безбедност, како и да ја покажат американската моќ во Африка и Азија“, изјавила амбасадорката.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот ветил дека ќе го намали бројот на американски трупи во Германија на 25.000.

Покрај тоа, тој бил налутен дека „Германија плаќа милијарди долари на Русија за енергија, а САд се должни да ја штитат од Русија“. Трамп ја нарекол Германија „земја-неплаќач“, поради тоа што земјата треба, според него, да плати „милијарда долари“ за НАТО.

На почетокот на јуни, тој наредил до септември 9,5 илјади војници да се повлечат од американскиот воен контингент во Германија.