Уште една странска компанија, „ОДВ Електрик“ од Германија, ќе инвестира во земјава 15 милиони евра и ќе отвори 1.000 нови работни места.
Германскиот инвеститор работата ќе ја почне во постоечки објект годинава, но напоредно ќе се гради и нова фабрика во зоната во охридско – струшкиот регион која исто така е во градба.
На почетокот, од компанијата најавија 100 вработувања, лица кои ќе се обучат во Германија. „ОДВ Електрик“ има деловни односи со уште една компанија која деновиве најави инвестиција во земјава, американската „Ки сејфти системс“.
ОДВ произведува делови за Порше, Фолксваген и други познати авотмобилски брендови.