Премирот Никола Груевски денеска во Владата на Република Македонија ќе потпише договор со претставници на компанијата „Герман Електро Мехатроник Системс “, која инвестира во земјава.
Груевски на својот Фејсбук профил информира дека со инвестицијата на оваа компанија, која се занимава со изработка на ЛЕД светилки ќе бидат отворени 200 нови работни места.
Имено, премиерот ја најави оваа инвестиција на 24. декември минатата година.
Заедно со вчерашната инвестиција на компанијата BRG и рестартирањето на Порцеланка, за два дена ова е објава и почеток на реализација на инвестиции што ќе значат нови 1.200 работни места.