Германската воздухопловна компанија „Lufthansa“ ќе ги обнови летовите до Тел Авив од 8-ми јануари, објави компанијата во петокот, што ја прави една од првите големи меѓународни авиопревозници што објави продолжување на летовите откажани во октомври по нападот на Хамас.
„Lufthansa“, исто така, објави дека во петокот ги обнови летовите за Бејрут заедно со „Swiss Airlines“ и „Eurowings“, додека најави дека летовите за Израел ќе бидат достапни за резервација од понеделник.
Американските авиопревозници „American Airlines“ и „Delta Air Lines“ во петокот соопштија дека ги откажале летовите до и од Тел Авив до 29-ти март, при што од „Delta Air Lines“ објаснија дека продолжуваат да ги „проценува условите“.
И „United Airlines“ во петокот објави дека нивните летови до Тел Авив ќе останат суспендирани додека „не дозволат условите“.
„British Airways“ ги прекина летовите до и од Тел Авив до 10-ти јануари, „Vueling“ до 13-ти јануари а „Iberia Express“ до 29-ти февруари, соопшти во петокот сопственикот IAG.
„Air France-KLM“, „Ryanair“ и „EasyJet“ не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар дали тие, исто така, ќе ги обноват летовите за Израел.