
Ане Шпигел во понеделникот извести дека поднесува оставка на должноста германска министерка за семејство, откако избувна скандал поради одлуката минатата година да замине на годишен одмор по разорните поплави во сојузната покраина каде била на висока позиција.
Шпигел, која е од редовите на Зелените (Bündnis 90/Die Grünen), е првата министерка којашто ја напушта владата на канцеларот Олаф Шолц, којашто ја сочинуваат и неговата Социјалдемократска партија на Германија (SPD) и либералната партија на Слободните демократи (FDP).
„Денеска, поради политичкиот притисок, решив да отстапам од должноста сојузна министерка за семејни прашања“, изјави Шпигел која во неделата се извини што заминала на четиринеделен одмор набрзо по катастрофалните поплави во 2021 година.
Еден од копретседателите на Зелените, Омид Нурипур, изјави дека одлуката за повлекувње на Шоугел е исправна.
Во тоа време била на должноста министерка за средината во сојузната покраина Рајнска облас-Пфалцк, која беше најтешко погодена од поплавите во коишто животите ги загубија повеќе од 170 луѓе.
Повлекувањето на Шпигел доаѓа пред регуоналните избори во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, којашто исто така беше тешко погодена од поплавите. Минатата седмица и тамошната министерка поднесе оставка од истата причина, затоа што предолго време по поплавите минала на шпанска Мајорка.