Неколку дена откако Велика Британија почна да го снабдува официјален Киев со противтенковско оружје, Берлин објави дека нема да испорачува оружје на Украина поради можен конфликт со Русија.
Ова го потврди германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.
„Мораме да направиме се` за да спречиме ескалација. Во моментов испораката на оружје не би била корисна, а договор има и во германската влада“, изјави министеркатра за одбрана.