Германска „Wintershall Dea“ го отпишува својот удел во Северен тек

Германската енергетска компанија „Wintershall Dea“ целосно го отпиша својот удел во сопственичката структура на компанијата која оперира со руско-германските гасоводи Северен тек 1 и 2 по експлозиите на нивните цевководи од ланскиот септември со кои беше целосно прекинато испорачувањето на рускиот гас во Германија и Европа, покажуваат во четвртокот објавениот годишен извештај.

„Во врска со геополитичката ситуација, невозможно е да се предвидат времето и трошоците за обновување на инфраструктурата за пренос на гасот и, следствено, Wintershall Dea целосно ја отпиша својата инвестиција“, се наведува во документот објавен на веб-страницата на германската компанија.

Од „Wintershall Dea“ истакнуваат дека, како малцински акционер, ги поддржуваат претпазливите активности на компанијата оператор „Nord Stream AG’ за стабилизирање на системот на гасоводот со цел да се намалат ризиците за испораките и за животната средина.

Минатиот март, откако германските власти ја суспендираа на неодредено време сертификацијата на Северен тек 2, компанијата соопшти дека ќе отпише околу милијарда евра инвестиции во гасоводот и повеќе нема да учествува во нови проекти за транспорт на гас и нафта од Русија. А минатиот јануари таа реши целосно да ја напушти Русија. Загубите од отписот на рускиот имот се проценуваат на околу 5,3 милијарди евра.

Операторот „Nord Stream AG“ е сопственик на проектот Северен тек, а пет компании имаат сопственички удели во него. Така руски „Gazprom International Projects“ поседува 51 отсто, германските „Wintershall Dea AG“ и „PEG Infrastruktur AG“ поседуваат по 15,5 отсто, а холандската „N.V. Nederlandse Gasunie“ и италијанската „Engie“ по девет проценти.

Истекувањата на госоводите како резултат на детонации на гасоводите Северен тек и Северен тек 2, руски извозни гасоводи кои минуваат по дното на Балтичкото Море, се случија ланскиот 26-ти септември. На четири места одеднаш беше откриено истекување на гас, а Шведска, Данска и Германија спроведиа истраги, но тие сè уште не ги соопштија резултатите од нивните истраги правајќи се со национална безбедност. Кремљ несреќата ја нарече акт на меѓународен тероризам, а неодамна наградуваниот американски Сејмур Херш повикувајќи се на свои запознаени извори прецизно го опиша планирањето и изведувањето на саботажите на гасоводите во кои според него учестувале разузнавачките служби и воени морнарици на САД и Норвешка.