
Десната евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) соопшти дека нејзиниот претседател Тино Хрупала бил физички нападнат на предизборен митинг во сојузната покраина Баварија, меѓутоа Државното обвинителство во Инголштад во четвртокот соопшти дека нема индиции дека тоа навистина се случило.
„Покрената е истрага против непознато лица поради сомневања за кривично дело нанесување телесни повреди, но засега нема индиции дека е извршен напад врз претседателот на AfD“, се вели во соопштението на државното обинителство во баварскиот град Инголштад.
Претседателот на AfD, Тино Хрупала, кој е на чело на прартијата задно со својата сопартијка Алиса Вајдел, во средата го прекина предизборниот собир во Инголштад и беше испратен во болница поради „здравствени проблеми“.
Од партијата соопштија дека Хрупала бил жртва на напад, како и дека е „со непознат предмет е прободен во рамото“, по што се пожалил на здравствени проблеми и бил пренесен в болница. Во болницата било утврдено црвенило на рамото, но без други здравствени проблеми.
Во моментов се врши токсиколошка анализа на крвта и вештачшење на облеката којашто ја носел Хрупала на предизборниот митинг. Се проучуваат и снимки и фотографии направени во текот на настанот.
Државното обвинителство соопшти дека во текот на предизборниот собир имало физички конткат со повеќе лица кои сакале да се фотографираат со првиот човек на AfD, но дека нема индиции за напад врз Хрупала.
И Сојузното биро за борба против криминалот (BKA), кое е задолжено за безбедноста на политичарите на сојузно ниво, објави дека нема знаци дека врз Хрупала бил извршен напад.
И во врска со вториот дел од претседателскиот тандем на партијата AfD, Алиса Вајдел, пред неколку дена се појавија шпекулаци дека се подготвува атентат врз неа и нејзиното семејство, по што таа била „засолнета на сигурно“ , но е одложено нејзиното обраќање во Баварија.
Во недела во единствената доминантно католичка сојузна германска покраина Баварија се одржуваат избори, а AfD има големи шанси да ја потврди својата втора позиција и на сојузно ниво и во оваа економски силна сојузна покраина.
Откако стана втората според довербата на избирачите партија во Германија, зад демохристијаните од коалицијата на Христијанско-демократската унија (CDU) и нејзината баварска сестринска партија Христијнаско-социјалната унија (CSU), партијата AfD е цел на истраги на безбедносните структури поради наводна поврзаност на некои нејзини членови со екстремни и неонацистички структури.