Германската јавност е шокирана – 17-годишен Хрват убил девојка од користољубие

Германската јавност е шокирана од страотно злосторство меѓу тинејџери, кое се случило во гратчето Реклингхаузен, недалеку од Бохум.

Ученици од основно училиште вчераутро пронашле тело на девојка на школското игралиште. Полицијата утврдила дека се работи за 19-годишна девојка, а истрагата набрзо ги одвела полицајците до 17-годишно момче, хрватски државјанин.

Според истражителите, тинејџерот ја убил девојката од користољубие. Осомничениот убиец е во притвор.

Обвинителите велат дека тој ја задавил девојката на игралиштето, како и дека тие се познавале. „Билд“ објави дека во обвинението, кое сѐ уште не е покренато, ќе пишува дека момчето ја убило две години постарата девојка „поради алчност“.

Обвинителката Свена Гросе-Кројл официјално одби да ги коментира наводите за позадината на делото и изјави дека истрагата е сѐ уште на почеток.