Германската десница се заканува со „Дексит“

Десната партија Алтернартива за Германија (AfD) неколку дена пред партиската конвенција посветена на изборите за Европскиот парламент објави програма во која се споменува можноста од истапување од Европската унија доколку не бидат исполнети реформските барања на оваа партија до 2024 година.

„Доколку нашите предлози за темелните реформи од постојниот систем на Европската унија не се остварат во рамките на еден изборен период, сметаме дака е неопходно покренување на постапката за излегување на Германија од ЕУ или регулиран распад на Унијата и основање нова европска интересна заедница на стопански основи“, се наведува во програмата AfD за европските избори која партијата ја објави на својата интернет страница.

Партијата AfD, којашто беше формирана пред речиси четири години како противник на ЕУ и на еврото за кусо време користејќи го антидоселеничкото расположение во Германија успеа да стане трета политичка сила во земјата, влезе во Бундестагот, вклучително и во сите покраински парламенти. Во оваа партија сметаат дека сегашата форма на Унијата е „недозволива“ и критикува големите трошоци за одржување на таквата заедница.

„44.000 службеници и 11.000 вработени. Трошоците за персоналот надминуваат осум милијарди евра. Тука се уште и 24 европски агенции за кои никој не знае колку службеници вработуваат, а не треба да се заборави ниту морето преведувачи и вештаци. Околу 4.000 службеници на ЕУ заработуваат повеќе од германската канцеларка (330.000 евра бруто)“, критикува AfD.

Во партијата предлагаат укинување на Европскиот парламент и воведување тело со максимално 100 пратеници коишто директно би ги испраќале националните парламенти. Во своите реформски барања AfD подготвува и укинување на Европскиот суд, којшто, како што се наведува во програмата, „премногу навлегува во овластувањата на националните држави“.

Дневниот весник Die Welt пишува, повикувајќи се на извори во партијата, дека споменатиот документ нема шанси да биде прифатен на партиската конвенција којашто ќе започне на 11-ти јануари во градот Риза во сојузната покраина Саксонија. Се претпоставува дека заканата за излегување на Германија од ЕУ ќе остане, но дека рокот за исполнување на реформските барања ќе биде променет од следниот изборен период до 2024 година во „во доглено време“.