Германија е во преговори да обезбеди милијарда евра помош за авиопревозникот Луфтханза, со можност да земе удел во таа компанија, која поради пандемијата на коронавирус призземји над 90 отсто од својата флота.
– Во близок контакт сме со сојузната влада заради обезбедување наша ликвидност, изјави портпаролот на Луфтханза, но одби да даде повеќе детали.
И портпаролот на германското Министерство за економија одби да коментира.
Германските медиуми објавуваат дека Луфтханза во разговорите со германската Влада соработува со банки, вклучувајќи ја и Дојче банк, која исто така одбила да коментира.
Минатата недела Луфтханза соопшти дека се уште не се пријавила за државна помош, но дека разговара со заемодавците и властите за тоа каква помош би била можна.