Германската индустрија на секс бара дозвола за работа по пандемијата

Здружението коишто ги обединува ткн сексуални работници во германската индустрија на секс, повикаа да се укинат рестриктивните мерки кои се однесуваат на нејзиното функционирање, донесени поради пандемијата на коронавирусот.

Не е оправдано повеќе да бидат затворени јавните куќи и да се забранува проституцијата, објави здружението во отворено писмо до 16-те членови на германскиот парламент кои неодамна повикаа на забрана за плаќањето на сексуалните услуги.

„Имајќи го предвид фактот дека се намалува ширењето на заразата ширум земјата, индустријата којашто нуди сексуални услуги мора да биде во можност повторно да ги заработи приходите и да им понуди на клиентите добра услуга коај е човечка и за нив многу важна“, се наведува во писмото.

Во текот на кризаа со коронавирусот тавата услуга би можела да има „егзистенцијална важност“ за клиентите, додава германското здружение на вработените во сексуалната индустрија. Притоа се додава дека е утврдени и детален  план за хигиенските мерки кој е претставен на политичарите.

Здружението во продолжение истакнува дека секасуалните работници особено се заинтересирани за хигиената и своето здравек, имајќи предвид дека тоа е „нивниот капитал“.