Полицијата деактивирала сомнителна направа во воз кој сообрќал на регионална линија во близина на градот Келни ноќта кон саботата, објави германската полиција на денот кога земјата одбележува 30-годишнина од обединувањето.
Весникот Bild пишува дека станува збор за импровизирана експлозивна направa со способност да предизвика тешки повреди, откриена во патнички дел во воз кој изминатата ноќ бил стациониран во депото во местото Дејцер Филд крај Келн. Возот во Келн пристигнал од градот Гумерсбах, и двата во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.
„Информацијата за можната опасност ќе следи дури откако направата ќе ја предгледаат експертите на криминалистичката полиција“, се наведува во полициското соопштение.
Сомнителната направа била ставена во картонска кутила и наполнета со клинци и штрафови и прекриена со црн прав сличен на оној кој се користи за новогодишните петарди, и според прелиминарните податоци била подготвена за употреба, додава полицијата.
Била неутрализирана на самото место од специјалистите на германската полиција. Истрагата ја води покраинскиот оддел за антетероризам. Неговите службеници детално ги провериле сите 27 возови кои ноќта кон саботата биле стационирани во истото депо, стои во соопштението.
Сѐ уште не е јасно дали станува збор за неуспешен терористички напад или само за закана или обид за уцена. Исто така, засега е непознато кога експлозивната направа била оставена во возот.