Германската полиција уапси двајца тинејџери кои планирале терористички напади

Германската полиција приведе двајца тинејџери кои наводно разговарале за заговор за можен напад во Германија, изјавија денеска безбедносни извори за ДПА.

Едно 15-годишно момче кој се смета за главен осомничен и 16-годишен соучесник наводно разговарале за планови за напад на „неверници“ и навеле синагога и божиќен пазар како потенцијални цели, изјавија извори за ДПА.

За апсењата, кои наводно се случиле вчера, првпат јави јавниот радиодифузен сервис WDR.

Останува нејасно колку е сериозен заговорот или дали тинејџерите презеле конкретни чекори кон подготовка за напад.

Но, извори за ДПА изјавија дека безбедносните служби презеле акција и ги привеле тинејџерите како мерка на претпазливост, откако 15-годишникот именувал конкретен датум и јавно место.