Германската полиција уапсила 19-годишен Сириец кој планирал бомбашки напад со цел да убие што повеќе луѓе, објави во вторникот сојузниот обвинител на Германија.
Осомничениот, идентификуван како Јамен А., според вообичаениот начин на кој германската полиција ги идентификува осомничените за разни дела, бил уапсен во раните утрински часови во градот Шверин, на североистокот од земјата во акција на специјалците на сојузната полиција и припадници на сојузната криминална полиција.
„Според досегашните сознанија, Јамен А. Се наоѓа под сериозно сомневање дека планирал терористички чин со исламистички мотиви со план да детонира експлозивна направа во Германија за да убие што повеќе луѓе и веќе имал конкретни подготовки за тоа. Почнал да собира делови и хемикалии за експлозивна направа Засега не е познато дали имал точно одредена цел“, се наведва во соопштението на сојузниот обвинетел на Германија.
Германските власти дознале дека Јамен А, одлучил да детонира бомба во Германија уште во ули 2017 година при што имал намера да убие или рани што е можно повеќе луѓе. Не е познато засега, исто така, дали осомничениот припаѓа на некоја теористичка организација, како ни тоа кога пристигнал во Германија.
Канцеларката Ангела Меркел, коајшто се обидува да ја состави новата влада по изборите од крајот на септември, е на ударот на жестоки критики дека во изминатите две години дозволила влегување во Германија на повеќе милион бегалци и имигранти, вклучително и многу бегалци од Сирија, меѓу кои има и инфлтрирани радикали.