Германскиот фудбалски сојуз (DFB) во четвртокот објави дека потпишал договор за партнерство со американскиот гигант во производствто на спортска опрема „Nike“ за периодот од 2027 до 2034 година, што значи дека репрезентацијата по седум децении нема да ја опремува германскиот производител „Adidas“.
„Nike ќе ги опреми сите репрезентации на DFB и ќе го промовира германскиот фудбал во целост. Nike ја претстави убедливо најдобрата економска понуда, чиј износ нема да го откриеме“, изјави претседателот на Управниот одбор на DFB, Холгер Бласк.
Веста доаѓа само неколку дена откако „Adidas“ ја претстави новата колекција на резервни комплети популарните „елфови“. Тие се во светло розова боја, што предизвика многу критики од навивачите.