Германската SPD останува само во влада водена од Меркел

Социјалдемократската партија на Германија (SPD) останува во коалиција со демохристијанската унија на Христијанско-демократската унија (CDU) и сестринската баварска Христијанско-социјална унија (CSU), само доколку на чело на оваа влада остане Ангела Меркел, соопшти во средата генералниот секретар на SPD, Ларс Клингбеил реагирајќи на превирањата во врвот на CDU.

„Ангела Меркел е актуелна канцеларка. Со неа влеговме во оваа коалиција и со неа ќе излеземе од оваа коалиција, и тоа на крајот од изборниот период“, изјави Клингбеил за Редакциската мрежа на Германија (RND).

Појасни дека SPD сака да ја продолжи соработката со Унијата CDU/CSU и тоа „до есента 2021 година“, до кога трае мандатот на владата на ткн „Големата коалиција“ составена од партиите кои доминираат изминатите децении со германската политика и која е направена само трипати досега, во кризни услови за неможност од формирање стабилна влада.

Клингбеил најавата на челничката на CDU, Анегрет Крамп-Каренбауер за повлекување од партискиот врв и откажувањето од кандидатура за ткн „шпицен кандидат“ за канцеларка, не го гледа како пречка за натамошно работење на социјалдемократите со демохристијаните. Притоа ја спореди оваа ситуација со превирањата во врвот на неговата SPD, минатата година кога се случија промени во партискиот врв.

„Сличното го преживуваме и ние во SPD, и тоа не ни пречеше и натаму да продолжиме се успешното работење во владата“, рече Клингбеил.

Истовремено предупреди дека продолжувањето на добрата соработкла со CDU зависи и од тоа колку оваа партија ќе успее да се огради од десничарските партии, како што е евроскептичната и антидоселеничка Алтернатива за Германија (AfD). Оваа партија, обвинувана за крајно десни политики и ја одбегнуваат за коалицирање другите партии, за пет години успеа да стане најголемата опозициска сила во земјата преземајќи многу гласови токму од демохристијаните поради попусливите мигрантски политики на Ангела Меркел.

Превирањата во CDU избувнаа откако огранокот на оваа партија за сојузната покраина Тирингија, спротивно на ставот на партиската централа, минатата седмица заедно со AfD го поддржаа Томас Кемерих од Либерално-демократската партија на Германија (FDP) за покраински премиер. Ваквиот потег беше со цел да се оневозможи повторниот избор на кандидатот на радикалната лева партија Левици, Боде Рамелов. Потоа се засили притисокот врз претседателката на CDU, Анегрет Крамп-Каренбауер, што следеше со нејзино повлекување од челната позиција во партијата.

Во CDU веќе започна процесот на барање нов партиски челник, а истата личност би била и демохристијански кандидат за канцелар. Во екот на кризата во врвот на CDU, се појавија повторно и барања за предвреемно повлекување на Ангела Меркел од кацеларската позиција. Под притисокот на подесното крило и особебо помладокот на партијата кое бараша таа да се повлече од канцеларската должност на половина од мандатот, Меркел во 2018 година се повлече од местото претседателка на CDU но најави дека ќе остане канцеларка до кранот на овој изборен период.

Клингбеил истакна дека „верува во чувство на одговорност“ на челниците на CDU и оти ситуацијата ќе се стабилизира и поради фактот што Германија во јули од Хрватска да ги преземе шестмесечното претседавање Советот на Европската унија.